ПочетокРаботно претседателствоЧленовиСемејствата на членовитеСпонзориКонтролен одборФотографииКорисни адресиКонтактАрхиваАрхива 2011 избори
Добродојдовте на интернет страните на Друштвото „Македонија“ - Echallens
Основано во 1989
Комуникација за избори
Барање за запишување
Предлог-Роковник за предвремени избори
Образец - Пријава
Најново известување
Комуникација за избори
Врз основа на член 50–а, став (1), (2), (3), (4) и (5) од Изборниот законик (Сл. весник на РМ, бр. 40/06, 136/08, 148/08, 155/08, 163/08 и 44/2011), Државната изборна комисија преку Дипломатско – конзуларното претставништво на Република Македонија во (се наведува државата), објавува
 
Ј А В Е Н     П О В И К
Се известуваат државјаните на Република Македонија во (се наведува државата) дека Претседетелот на Собранието на Република Македонија ги распиша предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија.
Гласањето ќе се одржи на 4-ти јуни 2011 година, во периодот од 07:00 до 19:00 часот, во просториите на Дипломатско–конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на Република Македонија во (се наведува државата и градот) на (се наведува адресата на ДКП / КК).  
Право на глас имаат сите државјани на Република Македонија кои имаат пријавено последно живеалиште во Република Македонија, a на денот на изборите привремено престојуваат во (се наведува државата) повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во (се наведува државата)  повеќе од една година согласно со евиденцијата од надлежен орган, а кои од денот на распишувањето на изборите до завршувањето на јавниот увид доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од Избирачкиот список.
Се повикуваат државјаните на Република Македонија во (се наведува државата) кои сакаат да го остварат своето избирачко право, да извршат увид во посебните изводи од Избирачкиот список во просториите на Дипломатско–конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на Република Македонија во (се наведува државата и градот) на (се наведува адресата на ДКП / КК) во периодот од 25 април до 4 мај 2011 година. При увидот, државјаните на Република Македонија се идентификуваат пред надлежното лице во Дипломатско–конзуларното претставништво односно конзуларната канцеларија на Република Македонија, со патна исправа издадена од надлежен орган на Република Македонија или лична карта. Увидот може да се изврши и преку интернет на следниот Веб-сајт : http://www.sec.mk.   
Пријавата за гласање, своерачно потпишана, се доставува до Дипломатско–конзуларното претставништво, односно конзуларната канцеларија на Република Македонија во (се наведува државата и градот) на (се наведува адресата на ДКП / КК) или се испраќа по електронска пошта на следната адреса: http://www.sec.mk, во периодот од 15 април до 4 мај 2011 година.
 
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
 
Изработил:
Биљана Ризова
Адмир Шабани
 
Контролирал:
Благоја Стојковски
Добре Јанчев


ПочетокРаботно претседателствоЧленовиСемејствата на членовитеСпонзориКонтролен одборФотографииКорисни адресиКонтактАрхиваАрхива 2011 избори