ПочетокРаботно претседателствоЧленовиСемејствата на членовитеСпонзориКонтролен одборФотографииКорисни адресиКонтактАрхиваАрхива 2011 избори
Добродојдовте на интернет страните на Друштвото „Македонија“ - Echallens
Основано во 1989
Семејство Јанкуловски
Семејство Јанкуловски

Репортажа за семејството Јанкуловски

Животот понекогаш навистина пишува романи. Се раѓаме под крилото
на своите родители, го живееме своето безгрижно детство надеваајќи
се дека сè е така едноставно, убаво и прекрасно во животот.
И додека годините летаат, стануваме возрасни, а одговорноста за себе
не збунува кој пат да го избереме во животот.
Соочени со безброј предизвици понекогаш патот не води кон ветената земја.
Така и Данчо Јанкуловски воден од својот животен пат во 1979 година
пристигнува сам во околината на Ивердон започнувајќи да работи како
работник во една пилана.

Во 1986 год. животот му добива поинаква насока, сретнуваајќи
ја љубовта на својот живот, неговата идна сопруга,
крунисуваајќи ја љубовта  со брак.


Среќата станува уште поголема кога на свет доаѓа и новиот член на семејството,
нивниот син.
Но предизвиците не престануваат.
Данчо продолжува да се бори за подобар живот, па така извесен период живее
во Бетан, Шезо за на крајот да го најде својот мир и спокојство во малото,
симпатично гратче Ешалан.
Овде неговата сопруга започнува да работи во КООП. Сигурноста на семејството,
стабилноста на живеење полека го заокружува трнливиот и борбен пат за подобар живот.
Но, задоволството се надополнува во компактна целина во 1989 год, кога на свет
доаѓа и четвртиот член на семејството Јанкуловски, нивниот втор син.
Во Ешалан, Данчо Јанкуловски  променува повеќе  работни места,
што говори за неговиот борбен дух, способност и градење на сопствената личност.
Кога семејството функицонира со едно срце и една душа, тогаш и резултатите
се големи. Семејството Јанкуловски во почетокот на 2000 год. изградува свој
сопствен дом, кој и ден-денес е нивнотот топло гнездо, полно со љубов и разбирање.




Но, покрај тоа што животот на семејството Јанкуловски е приказна која се гради
и доградува на тлото на Швајцарија, тие не го забораваат своето потекло, а уште
помалку нивното родно село Пашино Рувци, кое се наоѓа во близина на градот Прилеп.
Честопати тој се навраќа на животот во младоста кога неговото детски игри се
преплетуваа со маката на неговото земјоделско семејство. Одгледувањето на
тутун и пипер не беше воопшто лесно и едноставно, а уште помалку доходовно
за да пружи сигурност и иднина на децата.
Не случајно Данчо денес и после толку години живее и работи во Ешалан.
Враќањето во своето родно место сеуште има големо значење за семејството
Јанкуловски. Овде живеат неговите родители заедно со помладиот брат,
овде се неговите најголеми спомени, спомени од едно детство, од палавите
игри во Пашино Рувци, неговите први другари, први симпатии, неговата родна грутка.
Затоа семејството Јанкуловски го обнови својот дом и во Пашино Рувци, сега
имаат прекрасна куќа во која ги поминуваат деновите на одмор секоја година.
Данчо ја сака својата родна земја Македонија.
Својата љубов према Македонија ја изразува со огромната подршка во дијаспората.
Секогаш е присутен и  активен во најстарото македонско друштво ,,Македонија,,
од Ешалан и помеѓу своите сонародници е познат како некој што несебично се
дава и помага секогаш кога тоа е потребно.
Особено огромна подршка дава за развитокот на спортот бидејќи љубовта
кон спортот е фамилијарна. Имено неговите синови Марјан и Тони
се актвини професионалци во фудбалот уште од најмлади години.
Но Квалитетите на ова семејство не завршуваат овде. Тие знаат често
да се расположат и развеселат во друштвото на своите сонародници,
а гајдата како традиционален македонски иснтрумент е уште една пасија
на Данчо. Кога ќе засвири на неа, се враќа во корените на своето постоење,
ја полни душата и срцето со носталгијата за својот крај, но и со среќа и
 задоволство дека сепак  го живее својот живот, својот сон полн со среќа
радост и задоволство.
Енда приказна која не е завршена, може ќе им послужи за пример на многу
луѓе како треба да се чекори храбро по патот наречен предизвик да се успее
во животот на најдобар можен начин.




ПочетокРаботно претседателствоЧленовиСемејствата на членовитеСпонзориКонтролен одборФотографииКорисни адресиКонтактАрхиваАрхива 2011 избори