ПочетокРаботно претседателствоЧленовиСемејствата на членовитеСпонзориКонтролен одборФотографииКорисни адресиКонтактАрхиваАрхива 2011 избори
Добродојдовте на интернет страните на Друштвото „Македонија“ - Echallens
Основано во 1989
Артикли 2012
Артикли 2011
Иницијативи
Télécharger le fichier
Артикли 2012
Среќна Нова 2013 Година!
Многу здравје и успех во неа!

Echallens,  30 dekemvri 2012
 
Претседателот на Македонското Добротворно Друштво
„Македонија„ од Ешалан се обрати директно
од Кран Монтана до македонската нација
во Швајцарија.
 
Почитувани граѓани на Република Македонија,
На крајот на 2012 година дозволете ми со Вас да споделам дел од случувањата на нашето друштво „Македонија“ од Ешалан.
Во измината 2012 година многу вешто се справивме со многу надворешни и внатрешни предизвици, имавме многу прилики да се радуваме на нашите добро реализирани програми и успешната финансиска работа, а со тоа ги исполнивме очекувањата на членовите на нашиот клуб и Македонците од овие простори.
Меѓутоа целта на нашето друштво останува неисполнета – обединети македонски друштва во интерес на сите Македонци. Знаеме дека патот е долг, но ќе успееме, ние знаеме што сакаме и ние не чекаме друг да ги заврши нашите работи. Нашето друштво останува цврсто на овој пат, а сите неостварени планови и ненамерни грешки ќе ги поправиме во идната 2013 година.
Почитувани Македонци, секогаш гордо да се сеќаваме на нашите корени, да не заборавиме на нашите роднини и пријатели, на нашата МАКЕДОНИЈА.
Во 2013 година Ви посакуваме многу здравје и среќа, радувајте се на Вашите успеси! Благословена нека ни е оваа нова 2013 година.
Со почит кон Вас, МДД „Македонија“ од Ешалан организира свечен дочек на Стара Нова Година на 19ти јануари 2013год. во големата сала на Поли Пите ( „Polliez-Pittet“ ), во непосредна близина на Ешалан ( 3km оддалеченост ).
Затоа драги Македонци и пријатели на македонскиот народ,
 
Среќна Нова 2013 Година! Бидејќи нема да бидаме во можност на 31 декември во 00:00 часот да Ви ја честитаме Новата Година, сега Ви честитаме. На сите ви посакуваме многу среќа, успех, радост, љубов, пријатели.. Новата година пречекајте ја со вашети најблиски. Бидете среќни и препуштете и се на забавата. Новата Година дочекајте ја безестресови, нервози и проблеми. Во новата година бидете без проблеми, стресови и нервози. Новата 2013 година нека Ви биде подобра од старата 2012 година. Поправете ги сите грешки кои сте ги направиле и обидете се да не правите грешки. Среќна Нова 2013 Година! 
Поминете си лудо и незаборавно за новогодишната ноќ! 

Традиционален дочек на Стара Нова Година

Ве покануваме
Кате и Нели ти реков, дваесет години во водите на македонската музика!

     
Програма

На самиот влез:

- топла ракија;

Новогодишна богата лотарија;

- Лепче со паричка
(Најсреќниот - кум на претстојната година)


Во сабота на 19 јануари 2013 година со почеток во 20 цена ЦФХ
Grande Salle Polier-Pitet!

                                          
За гурманите традиционална скара-Кебапи!
                                           За жедните од сите врсти на пијалоци!
 
Info : Костадинов Зоран                             Трајков Иван                         Ацо Георгиев
079 501 32 14                                   079 331 72 40                           076 262 04 32

                   Facebook –Makedonsko Dobrotvorno Drustvo «Makedonija» od Echallens


Спонзори:
- Diaz Daniela
    Fair Lady(Dadicka)
  
       - AXA-winterthur
          Toni Korboski
  
             - AGV – Toni
  
                  - I-Tec Ilev Joze
 
                       - Семејството Костадинови
 
                               - VT FIDUCIAIRE SARL
                                         - Семејството Гоневи

                                                   - Семејството Стојанов

                                             - Семејството Ристиќ Адриано

                                                                   - Семејството Велкови
                                                                      „Далвина“




Aко во Твојот живот имаш повеќе негативни отколку позитивни работи,
тогаш нешто навистина не е во ред и Ти  го знаеш тоа.
Гледаш луѓе, среќни и исполнети, чии животи се полни со убави работи
и тоа Ти кажува дека и Ти тоа го заслужуваш.
И во право си: Ти навистина заслужуваш живот полн со убави нешта.
Повеќето луѓе, кои имаат добар живот, не сваќаат што точно направиле
за да имаат таков живот. Но тие сепак направиле нешто и се среќни
тоа што го работат, дали на приватен или професионален план.

Затоа драги македонци повелете и придружете се во нашето друштво
и вие ќе бидете среќни, ќе стекнете нови пријатели, бидејки
асоцијативниот живот ќе ве направи по искусни од тоа што го работите секој ден,
ќе си помогните сами на себе, ќе помогнете и на друштвото да биде уште по успешно.
Со тие зборови претседателот Иван Трајков го започна состанокот и упати апел до
присутните гости дека друштвото е место за дружење и ништо повеќе.


Последниот состанок
од ова година на друштвото Македонија од Ешалан (Еchallens) се одржа во недела
на 02.12.2012 во хотелот на градот, раководството на друштвото ги собра своите
членови и голем број симпатизери на друштвото, присутните гости беа информирани
за работата на друштвото за изминатата 2012 година.
Претседателот Иван Трајков не го криеше задоволството за успешната работа на
друштвото, за големата присутност и симпатизери на друштвото голем број македонци
од овој простор изразија желба за зачленување во друштвото и нивната љубопитност за
работата на една од најстарите асоцијации.
После извештајот за работата на друштвото и приемот на нови членови претседателот
Иван Трајков ги повика присутните на зедничка вечера понудена од друштвото подигајќи
ја чашата за да наздравиме со квалитетното македонско вино на винарската визба Далвина
која беше спонзор на пиалокот на ова вечер.
Бројката од 80 присутни гости на вечерта покажа дека искрената работа, демократското
водење на друштвото си ги дава своите резултати, да македонците во голем број се
зачленуваат во друштвoтo Македонија од Ешалан (Еchallens).
На крајот од состанокот преседателот уште еднаш упати голема благодарност, и нагласи дека
2013 година ќе биде година каде друштвото треба да ја реализира зацртаната програма.
Младата и талентирана Лили  ги забавуваше присутните гости со убави македонски песни.
Искрени Поздрави МДД Македонија  Ешалан (Еchallens).

П.С. За да ги видите сликите од работниот состанокот-вечера, ве молиме да ја посетите страницата
на друштвото утре.




Почитувани,

Недела 02.12.2012 од 15 часот во салата за банкети на хотелот
на градот Еchallens (Hotel  la Ville) МДД „Македонија“ од Echallens
го одржува својот последен состанок од 2012 година
со следниот,
 
                    Дневен Ред

1. Припрема на стара нова година;

2. Краток извештај за работата на друштвото во 2012
   година;
3. Гласење за изнајмување на просторија за друштвото;

4. Патување во македонија со хорот од ( Goumoens la Ville);

5. Разно.

После состанокот друштвото организира аператив за сите
присутни гости, а за добриот амбиент ќе се погрижи
талентиранта Лили зо убава македонска песна.

Ве покануваме сите членови,симпатизери на друштвото
со своите партнери и пријатели да земете учество на овој
прекрасен собир каде уште еднаш друштвото „Македонија“
ќе се погрижи да  и ова неделно попладне го поминиме во
прекрасен амбиент.
Присуството е задолжително  дојдете навреме.
И за на крај нешто од друштвото.

Друштвото никогаш не бара тоа само дава. Ако се лутиме
никогаш неме да оствариме, а ако работиме тогаш постоиме,
НЕ ЗАВИДУВАЈ МУ НА СВОЈОТ БРАТ НИ ВО МИСЛИТЕ.

МДД Македонија - Еchallens
T. Иван
Tel: 079 331 72.40



Т Р И Б И Н А

Во петок вечер на 28.09.2012 во големата сала во
Goumo
ens-la-Ville (1376), трибина со претседателот
на светскиот македонски конгрес
Тодор Петров

 и претседателот на матицата на иселениците Иван Џо Петрески.
 
со почеток од 19h15.
 
 
Трибината на тема:
 
1. Сто години од Букорешкиот договор
2. Диаспора
3. Разно
 
 
Ве покануваме сите заинтересирани македонци кои сакат да ја слушаат трибината.
 
 
Од 19h15заедничка  вечера со гостите од македонија,
з
а сите кои сакаат да вечерат дојдете навреме.
 
1. Влез слободен
2. Вечера                 5.-CHF
3. Пиjалоци             2.-CHF
3. Вина                   15.-CHF
 
 
 
 
 
              Т.Иван                                                                        К.Зоран
          079 331 72 40                                                             079 501 32 14

 
 


По повод 8ми септември Денот на независноста на Република Македонија
                                                                     Пикник со
               Турнир на голем фудбал
Недела, 16 септември 2012 год.од 10 часот
На фудбалскиот терен во St.Barthélemy
Добродојдени се сите што сакаат добра забава, да бидат дел од пикникот во Швајцарија,
кој ќе остане дел од македонската традиција во Швајцарија.
Поканети екипи
1.     Македонците од Моржскиот округ; (FC Makedonija Morges )
2.     Македонците од Пиду-Шебре округот; (FC Makedonija Puidy )
3.    Македонците од Ешаланскиот округ; (FC Makedonija Echallens-1)
4.  Македонците од Ешаланскиот округ; (FC Makedonija Echallens-2)
Секоја екипа има за награда едно печено прасе.

Четири печени прасиња за награди
                                               
Учесници на манифестација учениците
од македонското училиште, водени од
наставничката Анкица Тренчева 

Мајстори за печење
1.     Јанкулоски Данчо
2.     Глигоров Милан
3.     Петров Стојан
И во случај на лошо
време ПИКНИКОТ ќе
се одржи
**За гурманите традиционалната скара Кебапи, а за жедните од сите врсти на пијалоци**
Инфо; www.makedonia.chFacebook ; Makedonsko Dobrotvorno Drustvo « Makedonija »Echallens
Трајков Иван: 079 331 72 40, Корбоски: 076 525 26 53

           Резервиpaјте ја оваа дата.
   Дојдете и вие!




МДД „Македонија
“ од Ешалан
на сите свои членови,
симпатизери и пријатели
им пожелува среќни летни одмори.

Одмор за сите, релаксација за душата, лулка на културата,
земја на природата најубава на планетава.
Пријатни летни одмори и добар престој во Македонија
за оние  кои ќе се одлучат да ги поминат летните одмори во Македонија.



Кратка информација од посетата на претседателот на Заедницата на
 македонски друштва од Швајцарија и МДД Македонија од Ешелан


Состанокот на Заедницата на македонски друштва од Швајцарија и М.Д.Д Македонија од Ешелан
се одржа во приајтна атмосвера со голема присутност.
Претседателот на ЗМД Живко Атаносов ги информира присутните за работата и
актуелната  состојба на заедницата.
Пред присутните членови на Ешелан Господинот Атанасов ја промовира за прв пат во
Швајцарија книгата за македонските асоцијации и бизнисмени во Швајцарија.
Заедницата доби голема подршка од нашето друштво.


Претседателот Иван Трајков ги  поздрави гостите од ЗМД накратко ги информира присутните
гости и членовите на друштвото за успешната работа на друштвото во изминатите шест месеци
и ја најави програмата за следните шест месеци од оваа година.
И уште еднаш пред присутните членови на друштвото изјави дека демократскиот начин на водење
на асоцијацијата  придонесе добра финасиска состојба, друштво а и голема заинтересираност
за зачленување на нови членови на друштвото.
Магистер Госпоѓата Пиллат Флер, професор на универзитетот за туризам и менаџмен
во Македонија претставник во Швајцарија, зборуваше пред присутните за работата на факултетот
и правото на македонците за упис на факултет во Република Македонија. Поопширно на
www.utms.edu.mk

 


Почитувани,

Друштвото Македонија од Еchallens и ЗМД на ден 11.06.2012 од 19:30 во комуналната
сала на Goumoens-la-Ville (сала за состаноци) свикува состанок со следниот дневен ред:

1. Работата на друштвото во изминатите шест месеци;

2. Кратка информација на претседателот Живко Атанасов за работата на ЗМД;

3. Универзитет за Туризам и Менаџмент инфо тема од страна на македонскиот
професор Госпоѓа Пилат Флер (WWW.utms.edu.mk);

4. Разно.

Тел: 079.331.72.40 Иван Трајков

Тел: 079.501.32.14 Зоран Костадинов



ИЗЛЕТ 2012

Заслужен излет на работното претседателство и поблиските соработници на Македонското добротворно друштво „Македонија“ - Еchallens CH.
Со претходна согласност на потесното раковотство на друштвото беше донесена едногласна одлука да се организира еден излет за сите членови на друштвото  и за сите оние кои преку текот на годината помагале и дале придонес во реализација на програмата. Кога веке зборуваме за поканетите гости друштвото не ги изостави и семејствата на соработниците.
Пријатаен амбиент, отпуштена атмосвера без никаков протокол се организира програмата на денот. Можеби ќе беше мајку и здодевно но организаторот мислеше и на тоа, па затоа го ангажира слободниот забавен уметник Зоран К. попознат под псевдонимот Буш.
Тој со својата гитара кој доброволно без никакав хонорар ги забавуваше гостите  доцна во ноќта.
Кога веќе зборуваме за овој познат уметник ја известуваме јавноста од презафатеност не е слободен до крајот на 2012 година и првите три месеци од 2013 година. Голема благодарност рабортното претседателство изразува и на членовите кои од утринските часови па се до доцна во ноќта работеа за овој ден да биде успешен и пријатен.

Последните гости го напуштија местото околу 22 часот и ја угасија последната искра од  огнот околу кој се одвиваа разговори и сеќавање.

Благодариме што ни подаривте таков пријатаен ден кој се надеваме дека нема да биде и последен.

текст и
фотографии

К. Пасков




Турнир во мал фудбал - после завршувањето - 2012


кликнете овде за да ги видите останатите слики од турнирот и Излетот 2012


И оваа година работното претседателство на Македонското друштво » Македонија « од Echallens потврдија дека ја имаат зрелоста и способноста на добри организатори.
Доказ за тоа е и последната манифестација односно традиционалниот турнир во мал фудбал кој се одржа на 17мај на фудбалскиот терен во St-Barthélémey недалеку од Еchallens. Уште еднаш потврдија дека се можеби единствено македонско друштво кое успешно ги застапува македонците на овие простори и работи на промовирање на македонската традиција јазик и култура.
За успешно да се реализира една таква манифестација со над 700 гости се бара од организаторот зрелост, сигурност и дисциплина.
Овој редок сончев мајски ден придружен со малку северен ветар им дозволи на гостите да останаат подолго време на теренот бидејки имаше забава за сите возрасти од најмалите со нивниот омилен воздушен замок па до нај старите љубители на фудбалот ветераните кои со задоволство одиграа еден натпревар.
Овој ден љубителите на фудбалот имаа можност да следат квалитетни фудбалски натпревари а, љубителите на добрата мак.скара/припремена од веќе проверени мајстори cо уште подобро македонско вино и со добар муабет, денот им се виде многу краток. Фудбалерите на пријавените екипи ги покажаа своите квалитети и фер-плејот кој навистина беше на професионално ниво,што беше големо олеснување за судиите и одговорните кои о водеа турнирот. Пријатно изненадување за организаторот на турнирот беше гостинската екипа на македонците од Словенија која за првпат зеде учество на турнирот и се надеваме дека идната година ке бидат пак наши гости и обратно.
Од вкупно 14 пријавени екипи во финалниот натпревар се сретнаа екипите Сити-палас од Лион-Франција и екипата на Фк. Орб а победникот и првота место им припадна на гостите од Франција.
Третото место им припадна на екипата “Makeдонија„ од Берн а, додека за Фер-плеј екипа беше прогласена екипата од Пиду.
Работното претседателство на МДД-Македонија од Ешалан им се заблагодарува на сите гости и учесници на турнирот,на сите доброволно што помогнаа во работата а се разбира и на спонзорите AGV-TONI (entreprise de génie civil), AXA-WINTERTHUR (Echallens) и VT-Fiduciaire S.à.r.l (Crissier).
Воедно друштвото и се заблагодарува и на општината на селото Saint-Barthélémy кои веке по осумнаесети пат наогаат разбирање да овој турнир ја продолжи традицијата.
Текст и фотографии Кирил Пасков.

 


Традиционален турнир во мал фудбал


Турнирот  ќе се одржи  на ден четврток  17 мај 2012 год.
на фудбалскиот терен  во  St. Berthélemy  од  09,00 часот.

Учество на турнирот 120,00 Sfr. по екипа:
 

Најдобрите ќе бидат наградени:

    1. Место ....................... 1'000,00 Sfr.
    2.  Место ......................    500,00 Sfr.
    3. Место .......................    300.00 Sfr.

  •  Фудбал за ветерани: Наградени со печено прасе
     
  • Учество 5,00 Sfr. од играч 


Пријавувањето на екипите  е до 15 мај 2012 год.

Фудбал за младата генерација наградени со специјална награда

Сите  заинтерсирани, можат да се пријават  на телефонските броеви :


Info :
Корбоски Тони     079 525 26 53
Мите Стојменов   079 661 45 32
Трајков Иван        079 931 72 40
 


 

La société macédonienne

« MAKEDONIJA »

d’ Echallens

Organise son tournois de football traditionnel

le jeudi de l’ Ascension

17 mai 2012

Comme chaque année au terrain de foot

de St.-Barthélemy

dès 9h00.

La participation au tournois est de 120 Frs

 par équipe.

Récompenses pour les gagnants :

1ère place……………….1000 Frs.

2ème place.........................500 Frs.

3ème place………………..300 Frs.

 

Il y aura un tournois pour les Juniors et d’autres activités pour «les sportifs».

Pour plus de renseignements vous pouvez téléphoner aux numéros suivants:

Korboski Toni - 079/525 26 53                          Stojmenov Mite/079 661 45 32

Trajkov Ivan - 079/ 331 72 40

 

**Vous pourrez aussi déguster nos délicieuses grillades et nos petits Kebapi**






П О К А НА    З А    П Р О М О Ц  И  Ј А
 

МДД „ Македонија“ од Ешалан во соработка со музичката група „Пицикато“,
Ве поканува на промоција на  македонската химна под наслов ,,Верни на Македонија“, компонирана во чест на македонските иселеници и друштвото ,, Македонија“ - Ешалан
 
 
Датум:       01.04.2012
Место:       Комунална сала - 1376 Goumoens-la-Ville
Време:       12:00 часот
 
Промотeри:

М.Д. Македонија Echallens
Група- Пицикато

Мотив:
Промоција на Химната на  друштвото ,, Македонија“ - Ешалан
 
 
Поканети гости :

- Досегашните раководства на друштвото од своето формирање;
- Голем број македонски организации  во Швајцарија;
-
Македонска амбасада од Bern;
-
Претставници на локалните власти од околината.

Поради ограничен број на места во салата, Ве замолуваме да го најавите вашето присуство
 

Претседател:                               Секретар:
Трајков Иван                               Зоран Костадинов
Тел: 079.331.72.40                                              Тел: 079.501.32.14

 
St-Barthelémy, le 03.03.2012



Мечтаење
Еднаш на сон го видов мојот крај,
ја видов сликата на моето детство,
мојата младост,барав да ги видам
изгубените корени на мојот живот.
 
Кога застанав на нозе, видов радост,
се сретнав со вистината и тагував за
изгубената младост во туѓината.
 
Посакав да се вратам во дворот
Да застанам под дрвото на мојот живот
преточен во крвта на моето поколение...
НЕ МОЖАМ!
Сакам да ја гледам оваа планина, нашето плодно поле
Да се радувам на животот овде...
НЕ МОЖАМ!
Очите ми се полни со солзи за минатото,
Срцето ми е празно од желба за изгубеното,
Мислите одат далеку, ме напуштаат...
Раскинат од копнеж се разбудив од сон.
И да се радувам на животот овде неможам.
Мечтаење!







ОБЕДИНЕТИ ВО СПОРТОТ


Меморијален традиционален турнир на македонците во мал фудбал
(на мали стативи 4 + R).

Почитувани љубители на спортот, и оваа година го организираме
традиционалниот турнир во мал фудбал
.
 „БОРИС ТРАЈКОВСКИ“ 2012
26 Фебруари 2012 год. од 10 часот

Награди
00 : 00
 
 
               Grande salle – Poliez Pittet

 
Пријавување
До 26 фебруари 2012 год.
Учество – 00,00 Sfr.
Сите се срдечно поканети да присуствуваат на оваа спортска манифестација,
на која покрај интересните натпревари ќе може да се ужива во вкусната
Македонска кујна.
За гурманите традиционалната скара Ќебапи,
а за жедните од сите видови на пијалоци.


Инфо : Мирчев Никола
078 814 44 66




ПОЧИТУВАНИ МАКЕДОНЦИ
ПОЧИТУВАНИ ПРИЈАТЕЛИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД
Среќна Нова 2012 Година!
Ви ја честитаме Новата 2012 Година, на сите Вас ви посакуваме многу среќа, успех, радост, љубов, пријатели.. Новата 2012 година пречекајте ја со вашите најблиски. Бидете среќни и препуштете и се на забавата. Поминете си лудо и незаборавно за новогодишната ноќ!

Со почит кон Вас организираме:

Традиционален дочек на
Стара Нова Година (Василица)

СО На
јубави
                                    Македонски
                                                                       Народни
                                                                                                          Песни
 ВЕ ПОКАНУВАМЕ!
Гости на забавата – ПИЦИКАТО БЕНД


Програма:
На самиот влез
- Греана ракија
-Новогодишна Богата лотарија
- Лепче со паричка
(Најсреќниот - кум на претстојната година)



- Сабота 14 јануари 2012 година
- со почеток од 20 часот
- цена 20 CHF
Grande salle - Villars-le-Terroir
                                                                                          
За гурманите традиционалната скара Кебапи, за жедните од сите врсти на пијалоци.

 



СПОНЗОРИ

- AXA-winterthur

- AGV – Toni
 
- Garage NIKO
 
- Diaz Daniela
(Dadicka)
 
- Familijata
 Ristic Adrijano
 
- Semejstvoto
Atanasov Vane
 
- Semejstvoto
Janev Aco


За сите информации:
Костадинов Зоран            Трајков Иван                                 Трајчески Бранислав
  079 501 32 14               079 331 72 40                                     078 718 74 36
 



Недела, 25 Декември 2011 год. од 14 часот
Во кантината на фудбалскиот терен во St-Barthélemy

Дедо Мраз со вреќа подароци за сите деца.

Да ги израдуваме нашите деца и ја направеме оваа Нова Година волшебна
 
Од управата на друштвото „Македонија“ Ешалан


 



Свечена програма на македонските училишта во кантон Vaud под мотото:
 
 ,,Македонијо, сè за тебе и секаде со тебе,,.

Почитувани сограѓани, почитувани Македонци!
На наше огромно задоволство чест ни е да Ве поканиме да бидете и Вие дел од нашиот проект - претставување на училиштата по македонски јазик во кантон Vaud под раководство на проф. А.Тренчева под мотото
 ,,Македонијо, сè за тебе и секаде со тебе,,.
Имено, на 10 Декември, 2011 год (сабота) во салата  Poliez-Pittet (Route d’Echallens ) со почеток во 19h00, по повод Нова година подготвивме програма која  е дел од сите македонкси училишта кои функционираат и творат во Suisse romand. Воедно ве очекува и мало изненадување од наши  ценети  гости кои ќе ја збогатат програмата.
Да го задржиме нашиот дух и јазик, да го зачуваме нашиот патриотизмот, македонската традиција и обичаи, да го запаметиме заминувањето на старата година и со радост и задоволство да ја пречекаме Новата 2012.
 Звукот на крвта што тече низ нашите вени е синоним на македонската култура и образование.
           
 Богата лотарија....изненадување за најмладите ...катче за забава...
Влез 10 fr     (Бесплатно за деца)      
Музика : Ненад Анчевски и     Марјан Ибраимовиќ                                                                  
Инфо телефони:            Златко  Николовски-078 919 65 98           Павле Велков -079 315 93 81       
Никола Крстев- 078 617 93 38     Марјан Маџовски-079 614 66 17   Раде Рулевски-076 470 36








СЕПТЕМВРИСКИ ПИК НИК - 18.09.2011

По повод денот на независноста на Република Македонија,
Друштвото Македонија од Есhallens организира Пикник на ден, 18 09.2011.






Место на одржување на септемврискиот пикник:



Cantine des Planches, 1358 Valeyres sur Rances.

БАЛКАН ФЕСТ ВО-Goumoens la Ville - 18 и 19 Ноември 2011
Во организација на општина Goumoens la Ville на 18 и 19 ноември 2011 во општиската сала на
локалитетот програма со балкански песни во изведба на хорот на селото.
Нашето друштво учествува во програмата на вечерта, а нашата играорна група ќе ја зогати
вечерта со нивниот настап.
Поопширни информаци на следниот состанок на друштвото после летните одмори.

НОВОГОДИШЕН РУЧЕК - 04.12.2011
St - Barthelemy, 04.12.2012 во комуналната сала новогодишен ручек на М.Д.Д. Македонија;
Македонска кујна припремена од нашите сопруги.
Салата и пијалокот ги нуди друштвото.
Во нашиот традиционален новогодишен ручек ќе ни се придружат и општините
Echallens, St – Barthelemy, Goumoens la Ville и Villars-le –Terroir.
Гостите ќе имат можност да уживат во нашите специјалитети.
Овој пат програмата ќе биде збогатена со македонски фолклор.

СТАРА  НОВА ГОДИНА - 14.01.2012
Традиционална Стара нова година во Villars le Terroir, 14.01.2012
Kако секоја година и ова година традиционално лепче и за најсрекниот златен ланец.

 


ПОЧИТУВАНИ СПОРТИСТИ,

ДРУШТВОТО МАКЕДОНИЈА ОД ЕCHALLENS ОД ИДНАТА ГОДИНА ТРАДИЦИОНАЛНИОТ
ПРОЛЕТЕН  ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ КОЈ СЕ ОДРЖУВА СЕКОЈА ГОДИНА ВО ИСТО
ВРЕМЕ (Спасов ден) ВО ST-BARTHELEMY  ЌЕ БИДЕ ОРГАНИЗИРАН НАВРЕМЕНО СО
ПРЕЦИЗНА ПРОГРАМА,ТОЧНО ВРЕМЕ НА ОДИГРУВАЊЕ НА НАТПРЕВАРИТЕ И

РЕДОСЛЕД НА ВОДЕЊЕ НА ТУРНИРОТ, ЗАТОА ОРГАНИЗАТОРИТЕ НА ТУРНИРОТ
НАВРЕМЕНО ВЕ ИЗВЕСТУВААТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ВАШЕТО УЧЕСТВО, ШТО ЗНАЧИ:

-ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИГРАЧИТЕ ОД ЕКИПИТЕ ШТО УЧЕСТВУВАТ НА ТУРНИРОТ;
-ЕКИПИТЕ УЧЕСТВУВАТ СО 5 ИГРАЧИ, ГОЛМАН И 3 РЕЗЕРВИ;
- УЧЕСТВО ПО ЕКИПА 140.00 франци;
-НАГРАДИТЕ ЌЕ БИДАТ ВРЕДНИ, ЌЕ БИДАТ ОБЈАВЕНИ ПОДОЦНА;
- КРАЕН РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ: 31.03.2012;
- ПОСЛЕ НАЈАВЕНАТА ДАТА НЕМА ДА СЕ ПРИМААТ ПРИЈАВИ;

ТУРНИРОТ ЌЕ БИДЕ БЛАГОВРЕМЕНО ОБЈАВЕН НА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦИТЕ
.

 

ПРВИТЕ 20 ПРИЈАВЕНИ ЕКИПИ ЌЕ УЧЕСТВУВАТ НА ТУРНИРОТ

 

*ЗА ПО ОПШИРНИ ИНФОРМАЦИ ВО ВРСКА СО ТУРНИРОТ ПОСЛЕ ЛЕТНИТЕ ОДМОРИ.
*ТЕЛ: 076 525 26 53, одговорен за спорт,
 *ТЕЛ: 079 331 72 40, претседател на друштвото
*ДОБРИ ЛЕТНИ ОДМОРИ ВИ ПОСАКУВА, МАКЕДОНИЈА ECHALLENS



  Традиционалниот турнир во мал фудбал заврши успешно

 



ПочетокРаботно претседателствоЧленовиСемејствата на членовитеСпонзориКонтролен одборФотографииКорисни адресиКонтактАрхиваАрхива 2011 избори