ПочетокРаботно претседателствоЧленовиСемејствата на членовитеСпонзориКонтролен одборФотографииКорисни адресиКонтактАрхиваАрхива 2011 избори
Добродојдовте на интернет страните на Друштвото „Македонија“ - Echallens
Основано во 1989
Артикли 2012
Артикли 2011
Иницијативи
Télécharger le fichier
Артикли 2011
ПОЛОГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ДРУШТВОТО

САБОТА, 02.06.2011 ОД 20 ЧАСОТ ВО ST-BARTHELEMY

-ГОСТИН НА ВЕЧЕРТА НОВИНАР ОД ВЕСНИКОТ 24 ЧАСА
  Господинот Syvain MULLER. 

ЗАЕДНИЧКА ФОТОГРАФИЈА ВО 20Н15.

Информации на телефон:

Зоран Костадинов: 079 501 32 14
 


Синоќа, среда 22 јуни 2011, во привремените простории на МДД Македонија - Ешалан се одржа вечер на информации на темата:

Времено и Виртуелно враќање

MIDWEB проектот нуди можност за времено враќање и ангажирање на вкупно 60 квалификувани професионалци кои доаѓаат од Албанија, Босна и Херцеговина, Република Македонија, Црна Гора, Србија и Косово според Резолуцијата 1244, а кои имаат постојано живеалиште во Австрија, Германија, Италија, Холандија, Швајцарија и Велика Британија. Учесниците можат да се вратат во нивните родни земји, за краток временски период, да ги споделат своите знаења и искуства како и да придонесат за развој на нивната земја на потекло.

Времените ангажмани ќе одговорат на потребите за градење на капацитетите во одбраните приоритетни сектори во целните земји. ИОМ ќе биде одговорен за спојување на потребите за човечки ресурси со расположивата експертиза преку воспоставување на дата база на податоци. Времените ангажмани ќе имаат просечно времетраење од 2 месеци а на секој учесник ќе добие надомест за да се покријат животните трошоци како и трошоците за сместување. Точното времетраење и природата на ангажманот ќе зависи од условите дадени од страна на институцијата домаќин но и во согласност со можностите на мигрантот (во  случај тој или таа е вработена во земјата на живеење или пак има семејни обврски).

При преносот на знаењата ќе се применува пристапот на обука на обучувачи (ТоТ), унапредување на наставните програми, обмислување и спроведување на активности за подигање на свеста, спроведување на студии за проценка, курсеви за практични вештини, совети  за управување и други соодветни методологии. Пополнувањето на слободни работни места со експерти од дијаспората не е целта на овој проект.

Покрај тоа, проектот ќе овозможи 12 виртуелни враќања/ангажмани кои ќе се изведат со помош на е-learning програмите или преку користење на видео-конференциска врска. Обуката и курсевите, развојот на наставните програми и стручните совети и услуги можат да се имплементираат во најразлични области, вклучително и во здравството, образованието и менаџмент, а истите можат да се спроведат и без физичко присуство во земјата на потекло. Еден виртуелен ангажман може да се состои од две или три сесии, во зависност од природата на вештините и знаењета кои се пренесуваат.

Оваа компонента е раководена од страна на канцеларијата на ИОМ во Холандија, со помош на контакт лицата во земјите на дијаспората: Австрија, Германија, Италија, Швајцарија и Велика Британија. За повеќе информации, ве молиме контактирајте со:

за Албанија, Босна и Херцеговина, Република Македонија и Црна Гора:
Zia Gulam
тел.: +31.70.31.81.571
E-mail:
zgulam@iom.int







за Србија и Косово според рез. 1244 на ОН:

 

Hans Eijkhout
Тел.: +31.70.31.81.563
E-mail:
heijkhout@iom.int

 



И оваа година традиционалниот турнир во мал фудбал, во организација на МДД „Македонија“ од Ешалан, заврши успешно.

Уште еднаш членовите на Работното Претседателство покажаа зрелост и искуство, кое се надеваме дека ќе продолжи и во иднина.

Кога веќе зборуваме за искуство не можеме да не ја спомнеме помоштана Господинот Мите Стојменов, кој веќе со години успешно ја води програмата.

И покрај тоа што временските услови не беа баш наклонети за таква манифестација сепак спортскиот дух за натпревар и победа не изостана. Не можеме да не ја спомнеме и посетата на сите гости кои дојдоа да ги подржат своите екипи.

Добрата скара придружена со свеж пијалок не не остави ни гладни ни жадни.

Се надеваме дека традицијата ќе продолжи и во иднина.


Резултати од турнирот

Пријавени 14 екипи.

1. Првото место го освои екипата на МД-Пирок;

2. Второто место го освои екипата на МД-Пијанец;

3. Третото место го освои екипата од Морж.

За фер плеј беа прогласени екипите на „Гора“ и Ветераните на Ешалан.

За најдобар голман беше прогласен голманот Горан на екипата Пиду.

За најдобар фудбалер беше прогласен Влатко Пандев од екипата на „АГВ-Тони“.


Известува Кирил Пасков
 





Само да се потсетиме : на денешен ден (04.05.1903) пред точно 108 години беше убиен најголемиот деец за слободна Македонија во своите етнички граници. 
Беше предаден од изроди какви за жал и денес ги има. 
Вечна му слава. 
                                                 Кирил Пасков 

 

Делагација на владата на Република Македонија во посета на македонската диаспора во Швајцарија.
Петок 29.04.2011 година

Во комуналната сала на St Barthelemy во организација на задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ и М.Д.Д Македонија
од  Echallens пред голем број присутни гости накратко беше објаснето како македонската диаспора треба да гласа на
следните параламентарни избори.







 


ТРАДИЦИОНАЛЕН ПРОЛЕТЕН
ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ

 

21 годишно искуство - на исто место во исто време

02.06.2011 почнувајќи од 8h00
во 1040 St Barthelemy

Прва награда    -1000.00 CHF
Втора награда   - 500.00 CHF
Трета награда   - 300.00 CHF

Награди за нај добар стрелец
Награди за нај добар голман
Фудбал за најмалите спортисти


Вкусна скара од големите мајстори на Македонската скара
(мајстор Милан Глигоров)
Приjатна и весела дружба, добар муабет цел ден.

Сето тоа ви го нуди МДД МАКЕДОНИЈА Есhallens

Информации на следните броеви

Иван Трајков - 079 331 72 14    
  Тони Корбоски - 079 525 26 53
    
Зоран Костадинов - 079 501 32 14
 


 

Избор на ново работно Претесдателство
на Друштвото Македонија Есhеllens

 

На последното Генерално собрание на друшвото од 19.02.2011
година беше избрано ново работно претседателство.

Претседател: Иван Трајков роден 1972 тел 079 331 72 40
Секретар: Зоран Костадинов роден 1964 тел 079 501 32 14
Благајник: Ацо Горгиев роден 1962 тел 076 215 84 53
Заменик: Данчо Јанкулоски
Koнтрола: Ване Костадинов
Контрола: Гоце Велјаноски


Покрај ново избраното раковотство, друштвото се зголеми со нови членови.
На крајот од состанокот ново избраниот претседател Трајков им се заблогадари
на членовите на друштвото за искажанaта доверба од страна на членовите и
да биде избран како прв човек на друштвото. Голема благодарност господинот
Трајков упати до старото раковотсто за неуморната работа во последните две години.
На крајот претседателот ги повика членовите на друштвото на заедничка работа
и поголем елан, меѓусебно разбирање и заедно да се оствари посаканта цел.

« МОЈАТА ВЕРБА ВО ВАС МЕ ОБВРЗУВА НА НАЈГОЛЕМА ОДЛУЧНОСТ,
ОВДЕ НЕМА ПРОСТОР ЗА СТРАВ И СЛАБОСТ».
Поздрав Иван Трајков.

 



ПочетокРаботно претседателствоЧленовиСемејствата на членовитеСпонзориКонтролен одборФотографииКорисни адресиКонтактАрхиваАрхива 2011 избори